Радио Милева единствена...

Оваа српска пејачка има три имиња и презимиња: Две по лична карта и еден псевдоним (ФОТО)

Оваа српска пејачка има три имиња и презимиња: Две по лична карта и еден псевдоним (ФОТО)

Таа беше многу позната и важеше за една од водечките музички sвезди во 80-тите години на минатиот век, во некогашната Југославија. Хитовите како „Руди“, „Мустафа“ или евровизиската „Бразил“ беа нејзиниот заштитен знак.

Тогаш, неочекувано Беби Дол го напушти Белград во екот на својата популарност и се упати кон Африка. Оваа пејачка со автентична појава и убедувања, цели 4 години пееше во еден елитен египетски хотел, иако и таму не ја познаваа по нејзиното вистинско име, што од само нејзе познати причини, секогаш се обидуваше да ги сокрие од јавноста.

Имено, Египќаните ја познавале Беби Дол под псевдонимот „Мис Бејбе“, како што еднаш пејачката откри во шоуто „ТВ лицата како целиот нормален свет“.

Да потсетиме, нејзиното граѓанско име е Драгана Шариќ, иако пред неколклу години таа одново реши да го смени својот идентитет, официјално преименувајќи се во Дана Тодоровиќ.

„Кога започнав да се занимавам со музика, го избрав псевдонимот „Беби Дол“ и наивно помислив дека никој никогаш нема да го дознае моето вистинско име. Мислев дека никој никому нема да му е гајле. Сепак, не бев во право“ – рече во една прилика пејачката која веројатно е единствената на естрадата на овие простори, која официјално јпоседува три имиња и презимиња – две по лична карта и еден псевдоним.

 

To top