Со голема забава за многу домашни и регионални гости и црвен килим, ТВ естрадниот магазин „Бекстејџ“, на ТВ Телма, го прослави 15. роденден во Скопје евент центар.
По традиција, освен добра забава, гламур, муабет и дружење, беа доделени награди во повеќе категории.
Еден од најемотивните моменти на вечерта беше кога ДНК, пеејќи ја „Ако утре ме нема“, на видео бимот се менуваа слики од познати уметници, многу македонски легенди кои не напуштија. Меѓу нив и Влатко Илиевски, првиот водител на „Бекстејџ“, кој заедно со Марјана Станојковска и со поддршката од тимот ја започна приказната во 2008 година.
На сцената, регионалните ѕвезди Халид Бешлиќ и Жељко Самарџиќ ги испочитуваа и гостите и екипата на „Бекстејџ“ со изведба на нивните хитови „Миљацка“ и со „9.000“.
Во чест на легендата Гоце Николовски, Наум Петрески, Елена Велевска, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски, ја испејаа песната „Бисер Балкански“, што произлезе од предлогот на „магазинот од зад сцената“ една улица во градот Скопје да добие име по починатата фолк легенда.
Оваа оригинална идеја наиде на воодушевување и кај публиката.
Што ве очекува во сабота во 19.15 на Телма погледнете во видеото (КЛИКНИ ТУКА):