Теа Таировиќ направи огромен успех со албумот „Балканија“ и се искачи на самиот врв на естрадата, што набрзо направи непријатели меѓу колегите.
Во интервју за Ало.рс! таа истакна колку ја изненадила суетата на другите пејачи бидејќи за разлика од повеќето нејзини колешки останала нормална, а популарноста ни најмалку не ја променила.
– Работев напорно за да успеам и тоа никој не може да ми го одземе. Од друга страна, се трудам да останам приземјена и да не се занесувам од популарноста. Мислам дека можам да го направам тоа бидејќи го водам животот што го водев уште пред да излезам на јавната сцена – изјави пејачката и призна дека нејзиниот успех им пречел на многу колеги од естрадата.
View this post on Instagram
– До пред неколку месеци не чувствував љубомора на моите колеги. Во последно време наидувам на забелешки и клевети кои не ги очекував. Има многу лоши работи во шоубизнисот и оваа работа не е за секого. Ти требаат челични нерви, а јас често ги немам, иако мислам дека сум доволно посебна што немам конкуренција на сцената и дека не треба да се споредувам со другите – изјави Таировиќ, а потоа истакна дека нејзината заработка никогаш не биле на прво место.
– Никогаш не бркав пари и затоа секогаш ги имав, и верувам дека затоа ми оставаат големи бакшиши. Парите никогаш не ми биле прв приоритет, дури ни втор. На оние на кои им е примарно, секогаш им се лизга од рака – изјави Теа.
фото:Инсатграм принтскрин