Македонскиот автомобилист Игор Стфановски- Иџе продолжува да реди успеси.
На вчерашната трка на патеката „Рампа да Фалпера“во Брага, Португалија го освои првото место.
Иџе повторно покажа кој е најдобриот, бидејќи продолжи со победите во ФИА европскиот шампионат во ридско-брдски патеки.
Прв стигна на трката во Брага и со тоа стигна до титулата во овој шампионат.
– Оваа победа е за мојата Македонија – стои во фејсбук објавата на Иџе со кој се гордеат љубителите на автомобилизмот.
Иџе со неговиот автомобил „Hyundai i30 TCR“ постави време од 2:12.780 и за две секунди беше побрз од најблискиот конкурент за првото место.
На втората позиција се најде О`Плеј од Италија (2:15.414), а третопласиран е Германецот Ервин Бак (2:16.912).
Стефановски втора година по ред триумфално се враќа од Брага.
Местото број еден по којзнае кој пат му припадна повторно на Иџе, а возбудата и еуфоријата не го нашуштија.
Честитки!
Фото: Принтскрин/Фејзбук/Игор Стефановски – Иџе