Пејачот Дарко Лазиќ, утринава стана татко по вторпат, а наскоро планира свадба и со својата свршеница Марина Гагиќ.
Пејачката Тања Савиќ откри дека таа ќе пее на свадбата кај Дарко Лазиќ и неговата свршеница.
„Со многу пејачи сум во контакт од Гранд. Откако се вратив во Србија најмногу правев муабет со Дарко Лазиќ. Се слушаме често, а неодамна и се видовме. Секако дека ќе му пеам на свадба и едвај чекам“ вели Савиќ.
Пејачката откри дека се е во ред во бракот со Душан и дека не се точни приказните за кавгите во бракот.
„Ако во бракот нема кавги, нема ни љубов. Не може се да биде совшрено. Мислам дека мојот брак не е идеален, но е полн со љубов, а децата се круна на нашата љубов. Ми значи поддршката на Душко, секогаш ми дава корисни совети.“ вели Тања.