Пишувала стихови за најголемите музички хитмејкери, нејзините песни ги пејат најголемите поп и фолк ѕвезди во регионот. За жал, таа веќе неколку години се бори со рак на дојката, а последните години ретко се појавува во јавноста. Неодамна изјави дека нејзината борба со ракот е тешка, но сепак нема намера да се откаже и предаде.
Многу позитивна, па дури и во моментите кога нејзината прогноза не беше најсјајна, се обиде да не ја симне насмевката од лицето.жИако се чини дека и покрај трагот на годините не се сменила многу, сега осамна една фотографија од нејзината младост, која јавноста досега немала можност да ја види.
Имено, на страницата „Естрадно-музички времеплов“ на Инстаграм беше објавена сликата на Марина Туцаковиќ, на која таа има едвај дваесеттина години.
Тогаш Туцаковиќ имаше поинаква фризура и беше непозната на почетокот на својата кариера, па на неа малкумина можеби се сеќаваат од тој период, така што само неколку луѓе би ја препознале.
Фото: Јутјуб и Инстаграм принтскрин/estradnimuzickivremeplov