Радио Милева

Оваа македонска водителка по неколку месеци ја напушти Македонија и ужива на иста дестинација како и Карлеуша

Оваа македонска водителка по неколку месеци ја напушти Македонија и ужива на иста дестинација како и Карлеуша

Пандемијата со коронавирусот ни стави кочница на забрзаното темпо на живот.

Ако претходното лето уживавме на некоја егзотична дестинација во соседството или подалеку од нашиот крај, оваа година поради короната повеќето летните одмори ги поминуваат дома.

Водителката на „Живот со стил“, Елена Стефановска ужива со стил, без разлика дали е дома или надвор од границите на државата.

Водителката често на социјалните мрежи знае да се пофали како ужива за сите пари, знае да се пофали со разни брендирани парчиња, третмани или споделува како ужива на некоја дестинација.

фото: Принтскрин/инстаграм

Изминатите неколку месеци таа уживаше на домашен терен поради пандемијата со коронавирусот, а цело време друштво и правеше нејзиниот партнер Бојан Најдоски.

Меѓутоа, сега откако малку се смири ситуацијата и се отворени границите за некои држави, водителката ги спакува куферите и ја напушти Македонија.

И тоа замина на егзотична дестинација како и Карлеуша – Турција.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/karleusha-zamina-na-egzotichen-odmor-imalo-nemalo-korona-pejachkata-ne-moze-bez-more-pa-eve-kade-letuva/

Елена во кусите приказни на „Инстаграм“ сподели фотографија од авион и дека лета кон оваа дестинација.

фото: Принтскрин/инстаграм

По пристигнувањето во Истанбул, Стефановска се пофали со погледот од хотелската соба, но со убава трпеза богати со разни специјалитети.

Кој знае да ужива знае да ужива, било тоа дали е на домашна територија или некаде подалеку.

И Јелена и нашата Елена уживаат за сите пари.

фото: принтскрин/инстаграм/еленаживотсостил

To top