Српскиот пејач Дарко Лазиќ ја напушти бањата во Младеновац за да го помине Божиќ со семејството.
Пејачот во договор со лекарите одлучил за Божиќ да биде дома со своите сакани.
Дарко при излегувањето од бањата бил расположен и насмена, а за оваа прилика првпат пред камерите стана од количката и застана на нозе.
Се радувам што Божиќ ќе го поминам дома. И оваа година ќе има паричка во лепче, тоа се подразбира, вели Дарко во таа прилика, а фотографијата на социјалните мрежи ја објави пријателот на Лазиќ и возач Милјан Врачевиќ, а истата ги израдува неговите обожаватели.