Хрватската пејачка Нина Бадриќ летото го помина работно, но сепак успеа да спои убаво и корисно. Покрај работата таа најде време и да ужива во летните денови.
Бадриќ на Инстаграм сподели фотографија од својот одмор на која е насмеана до уши.
Меѓутоа нејзините фанови на стаклото од вратата забележаа машка силуета, па под фотографијата се нижеа коментари.
„Мислам дека силуетата на стакло е заслужена за таа насмевка“, „Чувај се Нина од мангупи“, се само некои од коментарите.
За потсетување, медиумите пренесуваа дека Нина е во врска со 51- годишниот маж Тино Брал, кој ја дочека на аеродром откако пејачката се врати од свадбата на Ања Стојковиќ.
Исто така медиумите пишуваа дека Бадриќ се свршила со Тино, меѓутоа пејачката ниту ги потврди ниту ги демантираше овие информации туку само изјави дека е среќна.