Кога станува збор за емотивниот живот на Стефан Ѓуриќ познат под уметничкото име „Раста“, со години се шпекулира за неговиот бурен брак со Ана Николиќ, кој заврши со колапс, а многумина ја заборавија долгогодишната девојка на раперот која датира пред тој да ја запознае фолк пејачката.
Станува збор за црномурестата Вида Савиќ, со кој Раста се забавуваше многу години, пред да влезе „во шема“ со Ана Николиќ.
Тие беа складна двојка, и многу се сакаа. Се’ д моментот кога Марко, братот на Ана Николиќ, не го повика Раста за некоја работа, кога тој ја запозна Ана. Набргу потоа ја напушти Вида заради Ана“ – тврдешееден заеднички пријател на екс- двојката за локалните медиуми пред неколку години.
Таа е од Земун, а покрај спотот на Раста, се појавуваше и во неколку други видеоспотови, а често можеше да се види и во клубовите во Белград.
Вида денес има 34 години и судејќи според фотографиите на социјалните мрежи, таа има две деца со сегашниот избраник. Дури се шпекулираше дека таа е една од причините за разводот на Ана и Раста, што се случи во 2017 година.
Се тврдеше дека Николиќ се налутила кога слушнал дека Вида одново ќе се појави во еден од спотовите што продукцијата на Раста ги снимала во тоа време.
Како што е познато, Ана и Раста се земаа во 2016 година, ја добија ќерка Тара во 2017 година, но се разведоа кон крајот на истата година.