Фудбалерот Огњен Врањеш е име чие во последно време често се појавуваше во медиумите.
Прво поради Катарина Грујиќ со која бшее во врска, а потоа поради Јелена Карлеуша.
Претходната година фудбалерот беше во врска со Катарина Грујиќ, а потоа се појавија експлицитни фотографии кои наводно Карлеуша ги праќала на Огњен.
Сега кога работите малку се смирија, а случајот се заврши на суд, се појави преписка од разговор меѓу Огњен Врањеш и неговиот пријател во кој зборува за Катарина Грујиќ.
„Информер“ објави преписка во која Врањеш разговора со свој пријател по објавувањето на познатото видео на кое се бакнуваат Огнен и Каќа, а во разговорот босанскиот фудбалер открива: „Каќа е единствена фолкерка со која би можел да бидам во врска“ .
„Тоа е единствена девојка поради која би можел да се разведем“ наводно напишал фудбалерот.
Ни пејачката ни фудбалерот не се огласија по тој повод.
За потсетување, откако во медиумите се појавија информации дека наводно тој имал и афера со Карлеуша, таа ги демантираше овие пишувања.