Пред некој ден на социјалните мрежи се појави фотографија од девојка која на задникот го истетовирала ликот на Милош Биковиќ.
Самиот актер на социјалните мрежи објави фотографија од девојката не криејќи дека е воодушевен, а сега се огласи и Јована, девојката која ја има тетоважата.
Станува збор за Јована Поповиќ (24), Србинка која живее во Германија. Таа се огласи и откри зошто на задникот го истетовирала Милош Биковиќ.
„Го гледав филмот „Јужни ветар“, во кој Милош се вика како и мојот брат, Петар. Во филмот, Биковиќ на почетокот вози „картинг“, а со тоа се занимаваше брат ми кога беше дете. Покрај тоа, вози и БМВ, а сите во нашето семејство возиме БМВ“ вели Јована за телеграф.рс
Таа вели дека не знае како нејзината фотографија дошла до српскиот актер туку дека само ја виделе кај него на „Инстаграм стори“.
Јована вели дека има желба да го запознае Биковиќ, а на прашањето дали би се појавила во продолжение на „Јужна ветар“, таа вели:
„Драго ќе ми е ако го запознам Биковиќ, а појавувањето во „Јужни ветар“ би било нешто ново за мене бидејќи не размислував да бидам јавна личност“.
Јована на своето тело има и тетоважа на која пишува: „Не сум родена во Србија, Србија е родена во мене“.