На традиционалната културно-туристичка манифестација „Галичка свадба“ 2019-та, која годинава ќе се одржува од 12 до 14 јули, месната заедница Галичник за зет и невеста ги избра Огнен Караѓозовски и Марина Петровска. Огнен е од скопје но има галичко потекло, додека Марина е од Крива Паланка.
Младенците ќе ја крунисаат својата љубов низ триесетина обичаи кои што се белег на галичкиот крај, негувани и пренесувани со генерации: одење по вода, изведување на ората Невестинско, Тешкото, бричење на зетот, одење по невбестата, поглед ниоз бурма на невестата и многу други.
Галичка свадба е најзначајниот настан од Галичкото културно лето и се организира по повод празникот Петровден.
Карактеристична е по автентичните свадбарски адети на Галичник и оригинална носијата на невестата, тешка 25 килограми составена од педесетина делови, изработени со филигранска прецизност.
Според најавите, на 12-ти јули во Галичник, во предвечерието на Галичката свадба 2019, целовечерен концерт ќе одржи Џијан Емин во соработка со Македонската Филхармонија и Здружението на џез музичари на Македонија.