Радио Милева

Ова се вистинските имиња на познатите српски ѕвезди

Ова се вистинските имиња на познатите српски ѕвезди

Поради разни причини, познатите српски ѕвезди одлучиле да се претставуваат со псевдоним.

Кога ќе се појавите во морето на славни и познати личности, треба да имате име кое ќе биде впечатливо за јавноста.

Така голем број на јавни личности одлучиле да го променат името, а некои толку се навикнати на своето уметничко име, па дури и законски го промениле.

Ана Бекута ( Гордана Надежда Полиќ)

Една од најпопуларните пејачки во народната музика била Гордана Надежда Полиќ се до 1985 година кога на предлог на Предраг Вуковиќ Вукса почнала да користи името Ана Бекута бидејќи тогаш на музичката сцена имало многу пејачки кои се викале Нада.

Претходната година се пишуваше дека Ана Бекута и законски го променила името.

Нада Топчагиќ ( Сенада Топчагиќ)

Голем број на медиуми во последните години пишуваа дека Нада се родила како Сенада Топчагиќ. Не е познато кога започнала да го користи псевдонимот односно името со кое позната во јавност.

Лепа Лукиќ (Лепава Мушовиќ)

Кралицата на народна музика е родена во 1940 година како Лепава Мушовиќ. На неа ова име и стои во лична карта, а на јавноста и е позната како Лепа Лукиќ.

Јана ( Драгана Тодоровиќ)

Пејачката е родена во 1974 година во Приштина и е позната како Јана, а нејзино вистинско име е Драгана Тодоровиќ.

To top