Популарниот рапер Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж, има талент за музика, а на само 21 година успеа да постигне голем успех и да изгради меѓународна кариера. Меѓутоа, детството на овој млад човек не било воопшто лесно.
Неговиот татко е Милан Веруовиќ, кој бил телохранител, а поради безбедност со сопругата и децата се преселил во Франција.
Инспириран од таа приказна, Михајло си го дал уметничкото име Војаж, што на српски значи „патување“. Иако имал трауматично детство, тој израснал во културно и добро воспитано момче. Тој е идолна момчињата и пример за идеален партнер за девојчињата, а уште од мали нозе си ветил дека ќе биде успешен.
– Како дете, доживеав работи што можат да се видат само на филм, а тоа е трауматично искуство за едно дете. Се вратив во Србија кога имав осум години – изјавил Војаж во една прилика и додал:
– Поминав низ пекол во животот и ми требаше време да се вклопам со моите врсници, кои не можеа да сфатат низ што поминав. Не сакам да се правам жртва, но секогаш бев како чудак и црна овца во општеството – признал пејачот. Како и да е, научил добра лекција од сето она што го доживеал и научил никогаш да не се откажува.
– Една од причините за мојот успех е тврдоглавоста. Работев многу понапорно од другите, но затоа и успеав – изјави еднаш Војаж за локалните медиуми. Покрај татко му, посебно место во неговиот живот зазема и неговата мајка Жана, која е голем поддржувач. Многумина велат дека од неа ја наследил насмевката по која го препознаваат.
– Единствената жена на која и го должам животот. Личноста која ме научи на сите вредности што ги поседувам и која се погрижи да пораснам во маж кој засекогаш ќе ги почитува жените. Од првиот чекор, првиот проблем, првиот успех и првиот милион. Нејзе ѝ должам сè! Мамо, ти благодарам, ветувам дека никогаш нема да се разочараш и дека ќе бидеш најгордата мајка на светот – напиша Војаж под сликата со мајка си на неговиот Инстаграм профил.
И покрај тоа што има сѐ повеќе успеси во музиката, Војаж се снаоѓа и во актерството, а ги воодушеви сите кога ја играше главната улога во серијата „У клинчу“.
Фото: Принтскрин/Инстаграм