Радио Милева
убавица со педигре

Ова се родителите на Катарина Ивановска (ФОТО)

Ова се родителите на Катарина Ивановска (ФОТО)

Таа важи за најпознатиот и најуспешен македонски топ модел и манекенка, која има богата кариера и надвор од Македонија.

Иако откако се породи и на свет го донесе синчето Вања, убавата Кики последнава година ревиите, рекламите и фотосесиите ги стави во втор план, сепак инатаму е во фокусот на интересот и на на социјалните мрежи и на медиумите.

Неодамна Вистина.мк ве запозна со нејзината постара сестра Кристина, а сега ви го претставуваме остатокот од семејството – нејзините родители. Мајка и Вера и татко и Кире.

Очигледно дека Кики убавината ја наследила од мама Вера, која иако во зрели години се’ уште изгледа атрактивно и негувано. Едноставно зрачи со шарм и неминлива убавина, соодветна за возраста.

Во младоста пак, според фотографиите очигледно дека била вистинска убавица, една од најзгодните, најпривлечните и најубави девојки на тогашното скопско корзо, лоцирано на потегот помеѓу  денешниот хотел Мериот и Камениот мост.

Инаку г-ѓа Вера има завршено филолошки факултет – Англиски јазик,  а она што може да се дознае дека во младоста не се занимавала со мода, туку наводно со спорт. Поточно карате! Барем така велат некои што ја познаваат од она време.

Татко и на Кики, Кире Ивановски е македонска ракометна легенда.

Некогашното незаменливо десно крило на РК Вардар од времето на една друга златна генерација во која играа: Јовановски, Атанасовски, Гиевски, Здравковски, Темелковски, Ивановски…

…Како и денешниве, шампиони на своето време – денес ветерани на РК Вардар, екипа во која популарниот „Ќумбе“ – како што е прекарот на таткото на Кики, ќе биде незаменлив на крилната позиција, а ќе го облече и дресот на тогашната енормно силна Југословенска репрезентација.

Потекнува од скопско семејство кое живеело во старата скопска населба „Пролет“, чиј семеен прекар е „Парговци“, па затоа и Катарина пред извесно време го „присвои“, именувајќи ја својата колекција на маички кои се продаваа во хуманитарни цели токму по семејниот прекар: „Парго“!

Очигледно дека македонската манекенка и топ модел и убавината и физичките предиспозиции, како и желбата за физичка активност ги наследила од обата родители… Од кого што, може да се види од приложеното.

Она што не се гледа пак, го знаат само домашните. Мама, тато, дада…  и таткото на нејзиниот Вања!

 

 

 

 

 

Останати вести од Радио Милева