Тие се македонските херои, нашите јунаци кои со лавовско срце и труд од петни жили, извојуваа победа над Словенија, вчеравечер ја победија и Црна Гора и сега имаат фантастичен почеток на Европското првенство, во Хрватска.
Македонската репрезентација, предводена од селекторот Раул „Ел команданте“ Гонзалес, даде се од себе и нè направи горди Македонци.
Кога е спортот во прашање тие се даваат со целото свое срце, но така е и кога е приватниот живот во прашање. Македонските ракометари се посветени партнери, сопрузи и родители.
Кире Лазаров ја запознал својата сопруга Љубица кога имал само 17 години, а денес имаат две деца. Борко Ристовски неодамна ја побара раката на својата сакана Николина и ситно бројат до реализирањето во улогата на родители.
Филип Лазаров со сопругата Билјана има еден син, Филип Миркуловски со Благица е од тинејџерските денови и имаат две ќерки. Столе Стоилов е во врска со струмичанката Катерина.
Еве како изгледаат понежните половини на дел од македонските ракометари:
Кире Лазаров и Љубица
Филип Миркуловски и Благица
Филип Лазаров и Билјана
Борко Ристовски и Николина
Столе Стоилов и Катерина