За принцот Хари и Меган Маркл кралските правила остануваат во минатото, а 8 од нив повеќе намаат обврска да ги почитуваат.
1. Не мораат да се држат до строг дрес код
Од членовите на кралското семејство се очекува да се облекуваат скромно и никогаш претерано лежерно. Но и Меган и Хари сега слободно можат да носат облека која им се допаѓа, а можат да се облекуваат и неформално за било која прилика. Добредојдовте во светот на тренерките.
2. Немаат обврска да патуваат со спакувана црна комбинација
Членовите на кралското семејство со себе на пат секогаш носат и црна комбинација за облекување, во случај на некоја изненадна смрт, па да мора да присуствуваат на погреб. Ова е прилично паметна идеја, и многу практична, но сепак војводата и војвотката веќе не мора да се пакуваат во склад со тоа.
3. Дозволено им е да потпишуваат автограми
Ниеден член на кралското семејство не би требало да дава автограми или да прави селфи со фановите. Меѓутоа, сега Хари и Меган се слободни да купат и селфи стик ако сакаат. И нека се подготват за делење на автограми.
4. Не мораат дискретно да стануваат од маса
Ако член на кралското семејство мора да оди до тоалет за време на јадење, тој тоа не го објавува пред сите на масата. Наместо тоа, тие само велат “извинете” и се повлекуваат. Но сега, Сасекси, ако сакаат, можат и од кров да викнат дека ќе одат до тоалет…иако веројатно тоа не би го направиле.
5. Сега смеат да ги прегрнат своите фанови
Како и кај автограмите и селфи фотографиите, кралскиот пар не би требало да ги прегрнува и бакнува своите фанови, пред се поради нивната безбедност. Е сега можат тоа да го прават колку сакаат.
6. Финансиски независни
Можеби една од најголемите промени во нивните животи е тоа што принцот Хари и неговата сопруга сега можат да бидат финансиски независни. Можат да заработат сопствен приход и нема да примаат средства од британските даночни обврзници.
7. Сега кога нема титула, опуштено е и со имињата
Парот ќе ја изгуби титулата Ваше Кралско Височество. Сега ќе бидат само Хари и Меган.
8. Можат да ги задржат подароците
Иако кралското семејство мора да го прифати секој подарок кој го добива, кралицата Елизабета одлучува кој ќе го задржи кој подарок. Ова повеќе не важи за Хари и Меган.