Мегафон топ 10

Ова се најслушаните песни за 2018 година според ЗАМП: Лозано, убедливо пред сите други

Ова се најслушаните песни за 2018 година според ЗАМП: Лозано, убедливо пред сите други

Почетокот на втората половина на годината е периодот кога ЗАМП – здружинеието за заштита на авторските музички права во Mакедонија ги сумира резултатите од слушаноста во претходната година, истите ги објавува и исплаќа авторските хонорари.

Според ЗАМП најслушани песни во 2018 имал Влатко Лозаноски, односно неговиот композитор, авторот Лазар Цветковски, чии 3 песни се наоѓаат меѓу првите 4, односно 4 од првите десет се негови, вклучувајчи и ја и „Слаба страна“ на Антониа Гиговска..

Ова е македонскиот ТОП 10 на популарноста според ЗАМП за 2018. Останува да видиме дали Лазар Цветковски ќе биде и најплатениот композитор?!

Популарниот Влатко Лозаноски е на врвот, со прво место за “Километри” и второ место за “Мандарина”. На трето место е “Главен град на тагата” на Владо Јаневски па на 4-то место пак се враќа Лозано со “Јако, јако”. На петта позиција е “Туѓа си бескрајно” на Ефто Пупиновски. Следуваат “Луд сум по тебе” – Тара, “Слаба страна” – Антонија Гиговска, “Оди ѕвездо”- Наум Петрески, “Свири мајсторе” – Гоце Арнаудов а на десеттото место “Еуфорија” од Наташа и Александра .

To top