Српската естрада е преплавена со кумства за кои многумина од фановите дури и не знаат дека постојат.
Јавната сцена најчесто е обележанаа со озборувања, препукувања, бројни скандали, кавги, па дури и тепачки. Сепак, има и примери дека тоа не е секогаш случај, а доказ за тоа се пријателствата и кумствата меѓу познатите личности од светот на музиката, спортот, телевизијата, глумата…
Естрада во Србија е преплавена со кумства. Јавните личности од естрадата се испреплетени како црева. Кумови се пејачките Цеца Ражнатовиќ и Вики Миљковиќ, Ана Бекута и Мира Шкориќ, Жељко Митровиќ и Леонтина Вукомановиќ, Жељко Јоксимовиќ и неговиот менаџер Бане Обрадовиќ.
Неразделни пријатели, колеги и кумови се и Александра Радовиќ и Сергеј Ќетковиќ. Двајца од најпознатите кумови во фолк шоубизнисот се оние меѓу легендите на народната музика Мирослав Илиќ и Добриво Топаловиќ, како и најголемата балканска ѕвезда Лепа Брена и директорот на Гранд продукција, Саша Поповиќ.
Жељко Јоксимовиќ е кум на актерот Ненад Језиќ, а кумови на брачната двојка, Војин Ќетковиќ и Слобода Мијаловиќ, се колегите и актери Никола Ѓуричко и Наташа Нинковиќ.