Мегафон

Ова се фаворитите за 92-то доделување на Оскарите кое ќе се одржи во недела

Ова се фаворитите за 92-то доделување на Оскарите кое ќе се одржи во недела

Во Лос Анџелес , во недела ќе биде одржано 92-то доделување на Оскарите, а најмногу, дури 11 номинации има филмот „Џокер“ од Тод Филипс.

Дури две престижни признанија, кое доделувањето на американската Академија за филмска уметност и наука ги доделува, би можела да му припаднат на македонскиот документарец „Медена земја“ кој го режираа Тамара Котевска и Љубомир Стефанов.

Покрај „Џокер“ уште осум филмови се натпреваруваат за најдоброто остварување во 2019-та година.

Како најсериозен противкандидат на „Џокер“ се спомнува „1917“, филмот од британскиот режисер Сем Мендез кој има 10 номинации.

Оваа воена драма на овогодишното доделување на БАФТА наградите освои признание за најдобар филм.

Меѓу главните фаворити за најпрестижно признание е и носталгичната ода на Квентин Тарантино со филмот „Once Upon A Time in Hollywood“ со 10 номинации.

Шест номинации има и јужнокорејскиот филм „Паразит“ од режисерот Бонг Џу-Хоа.

На Мартин Скорсезе „The Irishman“ би можел да му донесе уште една награда за најдобар режисер.

Ова воедно е деветтата номинација за Скорсезе во категоријата најдобар режисер.

Кога станува збор за поедини признанија, речиси е извесно дека Рене Зелвегер и Хоакин Финикс ќе добијат награди за најдобар актер односно актерка.

Бред Пит благодарение на улогата во филмот на Тарантино како каскадер е главен фаворит за најдобра машка споредна улога.

Како и Пит така и Лора Дерн ги освоила сите престижни награди во категоријата за најдобра актерка за улогата на бракоразводна адвокатка во филмот „Брачна приказна“.

Македонскиот филм „Медена земја“, добитник на наградата од публиакта за најдобар документарен филм на СФФ, ќе се натпреварува во две категории.

извор: точка.мк

To top