Членовите на македонското Р’Н’Б дуо „ДНК“ постојано се активни. Андреј и Панчо или имаат настапи низ Македонија или снимаат нова песна и видео, акко што е последнава „Пола човек“ која ја промовираа пред 8-ми Март. Панчо во меѓувреме има густо набиена агенда и како ДЈ Шорти, пуштајќи музика низ клубовите и дискотеките ширум Македонија.
А кога си толку експониран, логично е да имаш и огромен број на фанови. Обожаватели и обожавателки – колку да сакаш… Сите сакаат да имаат заедничко селфи, автограм, да се запознаат со ѕвездата, со својот идол…
Ама како што секој од нас има своја музичка ѕвезда, свој музички идол, така и секоја ѕвезда од морето фанови, има свој омилен фан! Најверен, најголем, најсакан и најобожуван… од ѕвездата! Можеби ви звучи сето ова малку чудно, ама верувајте, така е!
Го имаат сите, па го има и тој – Панчо или ДЈ Шорти, како сакате!
Еден или поточно двајца! И тоа машки фанови! Ги сака и обожува исто, колку што и тие него! Едниот е малку помал, другиот малку поголем… Едниот се вика Андреј, исто како и неговиот компањон од ДНК, ама не е тој. Другиот се вика Марјан.
Обајцата засега се познати како двете синчиња на Владимир Блажев, алијас Панчо од ДНК или ДЈ Шорти... Засега е така, ама времето бргу лета, па веќе наскоро, која да знае?
Можеби ќе биде она: „Еј го знаеш фраеров, нели? Оној ма, татко му што беше ДЈ и што пееше у ДНК?!“