Радио Милева
кралски маки

Ова повеќе не е нивен дом: Во овој замок ги имаат најубавите спомени, но сега нема да им биде добро кога ќе дознаат кој го наследил (ФОТО)

Ова повеќе не е нивен дом: Во овој замок ги имаат најубавите спомени, но сега нема да им биде добро кога ќе дознаат кој го наследил (ФОТО)

Британската принцеза Јуџини и нејзиното семејство, наводно, „тивко“ се преселиле од имотот „Фрогмор“ во „Нотингем“, пишува „Експрес“ (The ​​Express).

Имено, братучетката на престолонаследникот, нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк и нивниот син Огуст, живееја во „Фрогмор“ откако Меган Маркл и принцот Хари го напуштија Обединетото Кралство. Но, Јуџини и Џек, се чини, го избрале имотот „Нотингем“ како ново кралско живеалиште.

Се работи за „колиба“ со две спални, што се наоѓа во областа на палатата Кенсингтон, а оваа куќа има врска со војводите од Сасекс. Имено, тоа е местото каде Хари живееше додека тој и Меган се состануваа, и каде што тој ја запроси. Во меѓувреме, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, исто така, накусо живееја во „Нотингем“ со принцот Џорџ, додека нивниот дом се реновираше.

Пред војводата и војвотката од Кембриџ да се вселат во имотот „Аделаид“, „Дејли мејл“ најави дека „нема сомнеж“ дека тие ќе го добијат домот поради тоа што принцот Вилијам е наследник на престолот. Тоа се покажа точно.

Останати вести од Радио Милева