Радио Милева

Ова не му е првпат: Сопругот на Беквалац бил депортиран од САД во Србија поради насилство

Ова не му е првпат: Сопругот на Беквалац бил депортиран од САД во Србија поради насилство

Лука Лазукиќ,сопругот на пејачката Наташа Беквалац, во 2011 година предизвикал инцидент во Њујорк, по што добил трајно забранет пристап во САД.

Имено, Лазукиќ пред седум години е уапсен во Њујорк откако претепал американски државјанин во еден клуб, пишува српски Блиц.

Лука тогаш е приведен и во полиција поминал 48 часа, по што е депортиран во Србија со изречена казна за трајна забрана за влез.

FOTO: VESNA LALIĆ / RAS SRBIJA

Како што пишува медиумот, до инцидентот меѓу Лука и споменатиот Американец дошло поради девојка која била во негово друштво, а Лука настојувал да игра со неа по што се случил инцидентот.

To top