Покрај учеството во реалното шоу „Големиот брат“, Младен Радуловиќ се прослави и по долгата врска со пејачката Сека Алексиќ, а потоа и по уште една љубовна авантура, со Анабела Атијас. Но, по раскинувањето со Анабела, Младен се повлече од јавната сцена и се пресели во Америка.
Радуловиќ првпат започна врска со Сека во 2008 година, а оваа романса траеше до 2010 година. Од друга страна, Младен започна врска со Анабела истата таа 2010 година за време на нивниот престој во реалното шоу „Големиот брат“. Љубовта се одвиваше пред малите екрани, а кога заврши шоуто и се исклучија камерите, ниту љубовта не потраја долго, туку и таа се „исклучи“ од нивните животи и згасна.
Ќерката на Анабела, Луна го спомна Младен за време на нејзиното учество во „Задруга“ кога се расправаше со нејзината мајка и рече дека по врската со Анабела, тој исто така се обидел да ја „заведе“ и неа во еден клуб.После врската со Анабела пак, Младен ќе одлучи да го продолжи својот живот во Малибу, Америка, каде некое време продавал облека од Србија.
Домашните медиуми почнаа одново да брујат во последните 24 часа заради фотографиите на Луна Ѓогани и поранешното момче на нејзината мајка Анабела Атијас, кои ја здогледаа светлината на денот по нејзините приказни дека Младен Радуловиќ флертувал и со неа.
Таа тоа го раскажа пред неколку дена за време на гостувањето во емисијата „Народот прашува“, потенцирајќи дека Младен ја се обидел да ја заведе пред пет години, кога тој веќе не бил со нејзината мајка.
Вчера, оваа приказна продолжи кога се појавија нивните заеднички фотографии стари 10 години, кои биле направени во времето кога Радуловиќ беше во врска со Анабела. Фотографиите кои поранешниот манекен сè уште ги чува на својот Фејсбук профил, покажуваат дека во тој период тој и Луна биле блиски, па затоа таа се огласи по овој повод.
И поради прашината што се крена и поради инсинуациите на одредени корисници на социјалните мрежи. Таа напиша на Инстаграм во своите приказни приказната дека немала никаква врска со Младен, особено не за време на неговата врска со Анабела, како и тоас дека тој сепак флертувал со неа, но многу години подоцна.
Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин