Популарниот радио и ТВ водител на најпознатите и најпопуларни емисии за деца, легендарниот Ивце-Пивце нема кој не го знае. А многу деца, кои денес се веќе возрасни момчиња и девојчиња и поминале низ неговите радиоемисии и ТВ проекти.
Денес одново во етерот со нова емисија „Горе долу сите сме еднакви“, иако многумина се’ уште го паметат по неговата некогаш многу популарна емиссија „Ај ти замижи“ низ која продефилираа многу дечиња, а некои од нив денес станаа успешни во својата животна професија, други пак, познати и популарни на естрадата.
Едно од тие дечиња е и ова мало слатко, тогаш „штрбаво“ девојченце кое ги менува млечните запчиња.
Токму оваа слатка мала, зборлеста кукличка, денес е вистинска убавица. Тогаш гостинка во емисијата на Ивце-Пивце – „Ај ти замижи“, денес млада македонска музичка ѕвезда која „замижа“ и кога ги отвори очите, сонот и се оствари.
А нејзиниот сон уште оттогаш бил да биде на сцената.
До душа тогаш како малечка брејк-денс танчарка, со желба еден ден да стане балерина.
Денес можеби тоа не е, ама сцената многу бргу ја освои и тоа не само домашната, туку најпрвин регионалната во „Пинковите ѕвездички“. Со својот неспорен талент за пеење и танцување, со својата од Бога дадена дарба, но и со својата убавина, шарм, харизма, љубов која зрачи од неа со секоја нејзина појава.
Во последно време, како расте, физички се развива и емотивно созрева, таа се повеќе плени и со својата женственост, атрактивност, привлечност, неодолив сексапил…
Дека уште малечка била „роден за на сцена“ покажуваат фотографиите кои нејзината мајка Снежена ги споделила на социјалните мрежи. На нив нејзината ќеркичка во различни изданија, но со една желба: Да биде позната, спопуларна, славна… и сето она што оди со една естрадна ѕвезда.
„Отсекогаш сакаше да привлекува внимание! Сцента за неа е место за задоволство и среќа“ – напишала меѓудругото покрај миксот од различни фото-изданија нејзината мајка.
Дека етоа така, а задоволството и среќата кога е на сцената и за не и за оние што сакаат да го слушаат нејзиниот вокал, ја сакаат и неа и нејзините песни, демес повеќе не е сон, туку јаве… И начин на живот, проткаен со многу забава. За себе и другите, која младата македонска пејачка, Мартија Станојковиќ знае да им ја приреди со своите песни, видеоспотови, на своите живи настапи.
А како изгледаше шармантната кумановка пред точно 12 години, во далечната 2010 година кога Мартија Станојковиќ како малечко слатко девојченце му беше гостинка на Ивце – Пивце во „Ај ти замижи“, проследете во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):