Деновиве тргна емитувањето на уште една, најнова сезона на популарната македонска ТВ серија „Преспав“ која и овој пат ги руши сите рекорди на гледаност.
Секој лик на посебен начин ја доловува атмосферата во пансионот, а како цела екипа успеваат да го задржат вниманието на македонската публика.
View this post on Instagram
Да се биде актер не е нималку лесна професија, посебно кога ќе се вклучат црвените светла и ќе треба пред камерите да го одглумите вашиот дел од сценарието.
Некогаш можеби и требаат и неколку часа за снимање, повторување на текстот, повторување на одредена сцена за да пред камерите излезе финалниот продукт онака како што го замислиле сценаристот и режисерот.
Серијата „Преспав“ оди, а вие на ТВ екраните ги гледате актерите како професионално глумат во својата улога беспрекорно остварувајќи го крајниот резултат – огроманата гледаност од страна на ТВ на публиката.
На нивниот „Јутуб“ канал, преспавци објавија како изгледа снимањето на „Преспав“, односно повторување на одредени сцени и така наречено „making of“.
Во видеото подолу погледнете ја атмосферата и колку се забавувале додека снимале.
Екипата на пансионот „Преспав“ беше дел од новогодишната ноќ лани, а ќе биде и оваа година во специјалното тричасовно новогодишно „мјузикл“ издание на 31-ви декември од 21 часот на програмата на МРТ1.
Погледнете накусо од најавниот трејлер, што можете да очекувате од нив во новогодишната ноќ: