Радио Милева

Ова го нема ни на филм: Емилија Розман за помалку од една недела го сретна својот партнер, се сврши и стана мажена жена!

Ова го нема ни на филм: Емилија Розман за помалку од една недела го сретна својот партнер, се сврши и стана мажена жена!

Животот е непредвидлив, ни носи разни ситуации кои можеби сме или не сме ги очекувале, се случуваат чуда.

Постои една поговорка која вели: „Кој верува во чуда, чуда и создава“.

На македонскиот модел, мисица Емилија Розман и се случи и можеби едно такво чудо.

Имено, Розман за помалку од една недела го запозна својот партнер, се сврши за два дена и официјално стана мажена жена.

Емилија пред неколку дена на социјалните мрежи објави дека кажала „да“ на своето тогаш момче, а сега сопруг Стефан Ангеловски.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kaza-da-emilija-rozman-srede-pandemija-dobi-svrshenichki-prsten-ova-e-nejziniot-iden-soprug-foto/

По свршувачката, таа за домашните медиуми раскажа дека со Стефан се знаеле само два дена и тој ја побарал за сопруга.

„Во врска бевме само 24 часа откако Стефан ме побара за жена. Сè се случи со молскавична брзина. Во вторникот со мој другар седев кај него во гостилница, имав пауза од работа. Со другар ми отидовме да јадеме, кога таму влезе Стефан и дојде кај нас на маса да се поздрави, бидејки се познаваа со другар ми. Кога ја пружи раката да се поздрави со мене ја симна маската и кога му ја видов насмевката веднаш паднав. Се договоривме да одиме утредента, во средата во Охрид. На пат за Охрид, како што се возевме, ми рече: „Сакаш ли да одиме во матично?“ Јас реков – зошто да не. Ама ова беше заљубување до даска, 200 посто и тој и јас. Во Охрид сакавме да направиме матично, покрај езеро. Но, не нѝ успеа бидејки Стефан немаше извод. Кога се вративме во Скопје предложи да одиме на Козјак. По пат почна да се шегува со мене, дека наводно се предомислил. Кога стасавме таму, додека да се свртам тој веќе беше клекнат на колена со прстен во раце. Секако реков  – да“, изјави Розман за ММС, која четири години била сама.

Meѓутоа, сега Емилија на социјалните мрежи објави дека станала и мажена жена.

Имено, во кусите приказни на „Инстаграм стори“ таа објави дека заеднчика фотографија со партенрот и во описот на напиша: „Just married“ односно што во превод би значело штотуку омажени.

фото: принтскрин/инстаграм

Од друга пак, страна Стефан на својот „Фејсбук“ исто така го смени својот статус од слободен во брак.

фoто: фејсбук

Парот прослави во ресторан во кругот на најблиските, а Емилија на пошегува дека многу лесно ја дале на сопругот.

Како лесно ме дадоа, човек да помисли дека им сметав по дома ???

фото: фејсбук


Инаку, за ова прилика, Розман одбра розов фустан во комбинација со патики, а младоженецот одбра фармерки и бела кошула кои ги комлетираше исто така со патики.

Честитки, да сте вечни.

 

To top