Радио Милева

Ова е животната приказна на српската мисица Дијана Милојковиќ која почина на 33 години

Ова е животната приказна на српската мисица Дијана Милојковиќ која почина на 33 години

Некогашната мисица Дијана Милојковиќ по тешка борба почина вчера на 33 години.

Дијана беше полна со енергија, но животот и се претвори во пекол после една рутинска контрола.

Родена е во Чурпија во 1987 година, а во 2009 година победи на натпреварот „Мис на Србија“.  На натпревар во 2014 година стана „Мис на Европа“ и  „Мис на спортот“, а по тие успеси продолжи да работи како модел.

фото: Принтскрин/инстаграм

Завршила два факултети, Фармацевски факултет и Факултет за менаџмент на кои завршила мастер студии во областа на економскиот менаџмент.

Од мали нозе се занимавала со танц и тренирала тенис.

На 27 години дознала дека боледува од рак на матката и тогаш започна нејзината борба за живот.

Дијана отвори блог на кој даваше совети и ги раскажуваше своите искуства.

Во јавноста стана позната како и девојка на Стефан Кариќ кој и беше најголема поддршка во текот на борбата со болеста.

фото: Принтскрин/инстаграм

Кога Дијана ја изгубила косата поради хемотерапиите, тогаш и Стефан во знак на поддршка ја скрати косата на ќелаво.

фото: Принтскрин/инстаграм

 

Стефан Кариќ го истетовира ликот на мисицита, но и ја раксина врската со Дијана.

Дијана објави дека причина за нивното раскинување е неверство на Стефан, но и дека сака да остане во добри односи бидејќи и бил поддршка.

Последна нејзината објава на социјалните мрежи е пред еден месец кога објави дека наскоро нејзината сестра ќе добие бебе.

To top