Ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра,  е на романтично патување со Иван Проданов, објавува порталот За се. Се зборува дека двојката е во љубовна врска.

Тие најпрво беа во Будимпешта, а потоа во Виена. Оттаму Александра објави неколку заеднички фотографии.

Иако е постојано активна на социјалните мрежи и често објавува свои слики, таа приватниот живот го држи подалеку од јавноста.

Александра и претходно има објавено фотографија со Иван, за струмичкиот карневал, кога и двајцата беа под маски. Тогаш во јавноста почна да се зборува дека се во врска, но ќерката на премиерот не одговори никому.

На последните заеднички фотографии од Виена, Александра доби неколку коментари од своите пријатели и следбеници, кои ѝ напишаа дека се убава двојка.