Како бомба одекна веста дека аткерот Алек Болдвин на сет ја убил директорката на фотографија Халина Хачинс (42) и го ранил режисерот Џоел Соуза (48).
Taa e родена во Украина во 1979 година. Студирала на националниот Киевски универзитет и дипломирала меѓунардно национално новинарство пред да започне да работи на британскиот документарен филм како истражувачки новинар.
Подоцна се преселува во Лос Анџелес каде што дипломирала на Американскиот филмски институт во 2015 година. Во 2018 година беше снимател во лабаротијата „21st Century Fox DP”, а подоцна е изберена за ѕвезда во подем во магазинот „American Cinematographer”.
„Многу сум тажен поради загубата на Халин и многу бесен што се случи на сет. Беше прекрасен талент кој беше посветен на филмот и уметноста“, напиша на Твитер, режисерот Адам Мортимер.
Во соопштението од продукцијата на филмот “Rust“ тврдат дека дошло до несреќа поради неправилно користење на оружјето.
фото: инстаграм/тањуг ап/твитер