Поминаа речиси три децении од смртта на Драгомир Бојаниќ Гидра, а неговата популарност и денес е голема. Ретко кој не ја гледал познатата „Жика династија“, барем неколку пати, а генерации кои не биле ни родени кога се снимала серијата со задоволство ја гледаат.
Каков бил Гидра во приватниот живот денес сведочи Јован Стојановиќ, внукот на неговиот брат Миломир. Иако имал само седум години кога Гидра починала, добро се сеќава на него:
„Често го посетував во неговиот стан кај Калемегдан. Каков што беше во „Жикина династија“ хер Жика, таков беше Гидра и во секојдневниот живот, насмеан и весел. Никогаш не сум го видел тажен или намуртен“ – рекол еднаш Јован и додал:
„Не е точно дека дедо ми бил швалериште. Тој многу ја сакаше баба ми Љиљана и таа силна љубов доведуваше до чести расправии. Поради тоа тие често се разделувале еден од друг, но тој секогаш се враќал кај неа. Не си заминал поради други жени, тоа не е точно“ – тврди неговоит внук.
Поради својот атрактивен изглед, Јован заплови во светот на манекенството, а работеше на бројни кампањи за познати брендови, модни ревии, а се појавуваше и во музички спотови.
Сите велат дека Јован го наследил шармот од својот дедо, а со тоа, без сомнение, ја освоил и сегашната сопруга Маја, која по професија е шминкерка.
Двајцата го имаат и синот Алексеј, кој дојде како круна на нивната љубов.
Фото: Јутјуб и Инстаграм принтскрин/jovanstojanovic