Деновиве постојано кружат гласини дека Северина и Игор Којиќ не се во најдобри односи и дека наводно се разведуваат.
Приказните започнаа дека се разделиле затоа што Игор сакал да живее со сопругата и родителите под ист кров, а тоа не и одговарало на пејачката.
Шпекулациите уште повеќе се зголемија кога Северина на „Инстаграм“ го отследи својот сопруг кој беше единствен кој го следеше.
По овие приказни, се огласи Игор и на својот „Инстаграм“ ја откри вистината за неговиот однос со Севе.
Имено, тој објави фотографија на кој ја бакнува пејачката во образ, па напиша:
„Љубов која не се мери со следење и лајкови. Мој ангел, најубава душа и најдобра мајка на светот“ напиша Игор во описот на фотографијата.