Водителката на утринската програма „Уранак“, Јована Јоксимовиќ, е во среќен брак со кантавторот Жељко Јоксимовиќ од 2012 година, а пред да се омажи, пет години се забавуваше со бизнисменот Александар Зеремски.
Како што се пишуваше, тие дури и направиле веридба, но по само 15 дена, Јована реши да го напушти поради Јоксимовиќ. Искрите меѓу Јована и Жељко избувнаа уште во 2008 година, додека заедно ја водеа „Евровизија“, а наскоро по овој настан, тие влегоа во емотивна врска. Јована го напушти Александар, а Жељко ја напушти водителката Андријана Чортан.
Жељко и Јована се венчаа во тајност на Малдивите во 2012 година, а две години подоцна бракопт го крунисаат и пред црковен олтар. Од бракот ги имаат близнаците Ана и Срна, како и синот Коста.
Александар Зеремски по Јована беше во врска со пејачката Александра Радовиќ со која во 2010 година ја доби ќерката Нина. Зеремски од првиот брак ја има ќерката Мања.
Александар пред три години се ожени со пејачката на духовна музика Дивна Љубојевиќ, со која претходно се забавуваше седум години.
Фото: РАС/ Јутјуб принтскрин/ Инстаграм принтскрин/jjovanajoksimovic