Радио Милева

Ова е сестрата на Игор Џамбазов која повеќе од 20 години не живее во Македонија (фото)

Ова е сестрата на Игор Џамбазов која повеќе од 20 години не живее во Македонија (фото)

Mакедонскиот шоумен Игор Џамбазов своето време освен во станот во Скопје го поминува и во прекрасниот Дојран каде што ужива во убавините во овој дел на Македонија.

Тој редовно е активен на социјалните мрежи каде што објавува постови од своите активности, евоцира спомени, се потсетува на убави моменти…

Овој пат Игор се потсети и ја покажа својата сестра Тања Џамбазова која повеќе од 20 години не живее во Македонија.

„Не сум само јас штракнат во семејството. Ова е сестра ми Тања на даска во Тихиот океан…во позадина е зетчето Кире(ЕРИК)…ги утепа капитализмот…“, напиша Џамбазов на „Инстаграм“.

фото: инстаграм/игор џамбазов

Тања во една прилика изјави што најмногу и недостига кога ќе се сети на Скопје и на својата родна држава.

– Игор. Игор. Игор. Тато. Мојот најдраг тато од кого научив дека во животот можеби треба малку и на себе да се мисли. Борче. Мама. Биби, мојата втора половина, чувачот на сите мои тајни. Мојот столб Тања Нацевска. Јуриј Гагарин. Фидан Бојлија мачорот. Кучето скитник Линда кое по една година дневно дружење, шинтерот го уби пред мои очи. Високата пунџа и беспрекорната кошула на учителката Љупка. Училишна торба поголема од мене. Диско „Мусандра“. Гастон, ах Гастон. Тања Ефремова и „вранглерки“. Креативноста на тетка Милена. Игор. Снимањето на „Волшебното самарче“. Алумина и пластика. Зелничето на баба. Пакување половина куќа за регуларниот тримесечен годишен одмор во Градиште. Рибарење во 5 наутро. „Охридско лето“. Фризерската соба во театар. „Бриџ“ со дедо. Скијање со чичко Мирче. Белата капа и жолто-бел-црн костим за капење на тетка Кача. Таа и мама – кафенце, цигари и многу смеење (со тато и чичко Мирче како главен извор за инспирација). Јана и Уна. Игор. Театарски претстави. Многу убави театарски претстави. Нова година кај Палчо, првата средба со вермут: 7 лустери, 6 лустери, 5 лустери, 4 лустери… Мирисот на театарската сцена. Чичко Душко. Лариса. Ручеци кај баба и дедо. Лиле на Диме. „Леб и сол“. Лидија Георгиевска. Горазд Поповски. Игор Баци и Зако. Маврово. Архитектонски факултет и Живко Поповски. Игор. Пеење серенади под балконот на војничката зграда кај Зоолошка. Група „Раскољников“. Милиот Сергеј. Ајвар! Млечник и кох од мама. Горан Адамовиќ. Штокче. „Буре барут“ и Дејан“ изјави Тања во една прилика.

Инаку, сестрата на Игор повеќе од 20 години не живее во Скопје односно работи како Tecxnologos whisperer  во компанија за дизајн на софтвер во Сан Франциско.

фото: инстаграм/тања џамбазов

Во 2016 година таа сними  три филма во Сан Франциско, играше руски емигрант во Канада, учителка по пијано од Источна Европа, како и Хелена, жената на Бертолд Брехт.

фото: инстаграм тања џамбазов

Потсетуваме, во 2016 година Тања го изненади Игор кога допатува од САД и се појави  на Саемот на книгата каде што Игор имаше промоција на неговата нова книга „Умрен човек“

To top