Радио Милева

Oва е првиот сопруг на Емина Јаховиќ за кого се омажи на 17 години

Oва е првиот сопруг на Емина Јаховиќ за кого се омажи на 17 години
фото: дамир дервишагиќ

Емина Јаховиќ на 17 години се омажила за Аладина Ѓуловиќ во Нов Пазар, а се развеле само после неколку месеци.

„Се омажив на 17 години, се разведов на 18 и се тоа го направив од љубов и не поради нешто друго, лага е дека беше од корист“ изјави пејачката во една прилика.

Нејзиниот поранешен свекор во една прилика истакна како пејачката избегала од домот за да се омажи со Аладина.

фото: Принтскрин

„Тој сега има жена и три деца, водиме сериозна фирма. Како што може да видите имаме се да за уредување на станови и куќи….Кога се омажија, Емина побегна  од куќата за да се омажи со него, а потоа заедно заминаа во Улцињ. Јас таму имав стан и тие заминаа без никакво прашање. Иако бев против таа врска ги пуштив да видам до каде ќе оди“ вели поранешниот свекор на Емина.

Тој истакна дека ја примил Емина во својот и дека на неа гледал како на свое дете.

„Проблемот се случи кога таа одлучи да се занимава со пеење. Нејзината мајка дојде кај мене и ми кажа: „Рустеме знаеш дека Емина многу сака да пее“. Јас и кажав дека може да пее за своја душа, но кога таа кажа дека не сака да биде аматерски, тогаш мојот син и кажа дека не сака да има жена која нема да биде дома. Нивниот брак траеше шест месеци и тогаш се заврши“ изјави тогаш бившиот свекор на Северина.

фото: фејсбук

Останати вести од Радио Милева