Радио Милева љубовта на хармоникашот

Ова е првата сопруга на Ташке, жената која му роди ќерка и ја сакаше пред Вики Миљковиќ (фото)

Ова е првата сопруга на Ташке, жената која му роди ќерка и ја сакаше пред Вики Миљковиќ (фото)

Првата сопруга на Драган Ташковиќ Ташке на многу млада возраст ја роди ќерката на музичарот, која заедно и го дадоа името Јелена. Бракот, сепак, не траел, а Гордана, големата љубов на хармоникашот, решила да ја прекине врската, на што и тој се согласил, но со договор заедно да го одгледуваат своето бебе.

Јелена Ташковиќ иако беше дете на разведени родители можеше да се пофали со меѓусебната грижа и почит на татко и мајка, а набрзо доби и маќеа Вики со која отсекогаш имала сестрински однос.

Таа денес живее во Германија со нејзината мајка, но тоа не и го расипа односот со татко и, ниту со брат и кој иако многу помлад, многу и е посветен.

Првата сопруга на Драган Ташковиќ Ташкет е во најголема мера заслужна за ставовите кои Јелена ги усвоила додека растела, израснала во прекрасна девојка која со задоволство ги посетува Вики и Ташке во нивниот нов дом, а исто така постојано споделува фотографии со мајка си преку социјалните мрежи.

Токму на овој начин медиумите, и јавноста требаше да дознаат како изгледа поранешната избраничка на Ташке.


Веднаш штом фотографијата се појави на мрежите, фановите на пејачката почнаа да прават споредби кои немаат многу смисла бидејќи Вики и Гордана се две сосема различни личности по тип и карактер.

фото:Инстаграм принтскрин

To top