На овагодинешното доделување на БАФТА наградите, Бред Пит доби награда за најдобра машка споредна улога.
Меѓутоа, Бред не се појави на доделувањето на награди и тоа поради семејна причина. Неговиот говор го прочита неговата колешка Маргот, а сега е откриена причината зошто Бред не се појавил на доделувањето на наградите.
Имено, Бред со сите сили се труди да го обнови својот однос со децата кои ги доби од бракот со Анџелина Џоли, а посебно се труди да го поправи односот со постариот син, 18 годишниот Медокс.
Медокс и Бред се скараа по кавгата во приватен авион во 2016 година, по што и Џоли поднесе барање за развод, но го побара и старателството на децата.
Како што тврди извор близок на Бред, Медокс конечно одлучил да му даде шанса на Пит. Актерот ги оставил сите обврски и се посветил на синот.
„Медокс прифати да разговара со Бред, па актерот ги остави сите обврски. Да се биде татко за него е најважната работа и ќе направи се за да го поправи односот. Мадокс е на факултет, а кога Бред дозна дека тие денови ќе биде во Лос Анџелес и дека шанса за разговор, го откажа својот пат во Велика Бритнија“ вели изворот.