Веста за тоа дека Моника Белучи се појави со момчето на модната недела во Париз, се најде на страниците на светските таблоиди, а сите поскаа да дознаат кој е нејзиниот избраник што долго го криеше од јавноста.
Сите погледи беа вперени во Моника и Николас Лаефебре на ревијата на „Шанел“ на која се појавија држејќи се за рака. Беше јасно дека тоа е човекот за кој Моника во една прилика во пролетта 2017 година изјави:
-Постои маж во мојот живот.
Иако Моника не сака да открива за кого станува збор, сега одлучи да го покаже на сите. Потсетуваме, ова е нејзино прво појавување со маж во јавност од 2013 година од кога се разведе од актерот Винсент Кастел.
Инаку, момчето на Моника е француски модел, уметник и сценограф. Тој е 18 години помлад од актерката која има 54 години. Нивен близок пријател вели дека Николас е лудо заљубен во актерката, а и таа во него.
фото:profimedia