Лазар Граниќ, роден во Нови Сад, кој е новото момче на пејачката Милица Тодоровиќ, очигледно ја сака јавната сцена, бидејќи пред неколку години беше „од желба изгорен“ да влезе во реалното шоу „Задруга 2“.
Потоа беше фотографиран пред зградата на ТВ Пинк, но од непознати причини за јавноста, неговото влегување во најгледаното регионално ријалити не се случи таа година, а ни никогаш подоцна.
Како што се пишуваше, тој наводно и бил опасно „намерачен“ на Луна Ѓогани, која во тој момент беше во фокусот на интересот, а потоа и победи во втората сезона на „Задруга“.
„Лазар им се фали на пријателите дека Луна е неговата следна девојка. Тој е убеден дека таа ќе падне на неговиот изглед и шарм и дека во втората сезона на „Задруга“ приказната ќе се врти околу нив двајцата. Му се допаѓа Луна и ништо нема да го спречи да ја освои“ – рекол тогаш еден од најблиските пријатели на Лазар“ – тврди српски Блиц и додава:
„Досега успеа да ги освои сите девојки, па не се сомневам дека нема да потфрли со Луна. Ако ја смува, сигурно ќе има интимни односи, зашто Лазар нема проблем со камерите“ – додал тогаш неговиот пријател.
Арно ама, откако тогаш не го примија во „Задруга 2“, па му пропадна идејата, сега момчето од Нови Сад се смува со фолк пејачката, така што нов љубовен предизвик во моментов му е Милица!
Фото: Фејсбук/Lazar Granic/ Инстаграм: milicatodorovicofficial