Меган Маркл и принцот Хари го напуштија кралското семејство и се повлекоа од извршување на кралските должности.
Како што пишуваат странските медиуми, првата работа на Меган Маркл по излегувањето од кралското семејство ќе биде појавување во кандаско реално шоу за свадби, а Меган ќе гостува неколку пати.
Според извор близок на продукцијата, Меган ќе биде гостинка неколку пати во шоуто „I do, Redo“ каде што ќе се приклучи на својата блиска пријателка, дизајнерката на венчаници Џесика Мурлонеј.
Извото тврди дека нејзиното појавување ќе биде привремено, но не сакаше да открие дали Меган ќе биде платена.
Во 10 епизоди се појавуваат 10 парови со своите катастрофални искуства од своите први венчавки пред да ја направат свадбата од соништата.
Маркл кој еднаш беше омажена па се разведе, па се омажи за принцот Хари имаше слично искуство. Нејзината свадба чинеше повеќе од 42 милиони долари.
Мурлонеј (39) на кралската венчавка беше деверица, а во церемонијата учествуваа и нејзините три деца. После многу појавувања во шоуто „Good Morning Americа“, каде на гледачите им давала совети како евтино, но добро да се облечат, Мулронеј сега има свое шоу, во кое ќе учествуваат парови од САД и Канада.
Минатиот месец Меган потпиша договор со Дизни, за сè уште непознат проект, во кој ќе го позајмува гласот во замена за донација за здружението за спас на слонови.
Од продукцијата не одговарија на прашањата за Меган Маркл.