Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ конечно го завршуваат украсувањето на новиот луксузен дом во Нов Белград од околу сто квадратни метри. Како што пишуваше Каќа и Гобеља за овој имот платиле 600.000 евра.
Декорацијата на нивниот рај привршува, а како изгледа глетката и дел од внатрешноста на луксузниот имот можете да видите на фотографиите.
Станот се наоѓа во облакодер на луксузна населба во „Нов Белград“, а во него ќе живеат со ќерката Катја која ја добија во декември минатата година.
„Нов дом“, се пофалила Каќа, а особено ја импресионирала глетката во која ќе ужива секој ден.
Да потсетиме, пејачката Катарина Грујиќ неодамна го прослави црковниот брак со фудбалерот Марко Гобељиќ. Додека за време на скандалозната венчавка пејачката луто им викаше на гостите како и за скандалот што го направи со новинарите.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/katarinagrujic.doll