Радио Милева
гранд барбика

Ова е најконтроверзната „Ѕвезда на Гранд“ која досега се појавила: Слободан го смени полот и денес се вика Сања! (ФОТО)

Ова е најконтроверзната „Ѕвезда на Гранд“ која досега се појавила: Слободан го смени полот и денес се вика Сања! (ФОТО)

Публиката уште во 2003 година имаше можност да го запознае Слободан Катаниќ, кој стана хит по аудицијата на „Ѕвездите на Гранд“.

Се претстави како Барби и рече дека ќе биде пејачка, а не пејач, што ги насмеа сите, но многумина не го сфатија сериозно, верувајќи дека се’ е само дел од настапот. Но, Слободан остана доследен на своите ставови и намери, а во меѓувреме влезе во процес на промена на полот, а потоа го смени името во Сања.

„Имав десет години кога сфатив дека сум жена, а не маж. Мајка ми знаеше од самиот почеток и веднаш ме поддржа, додека татко ми долго време се противеше, но на крајот и тој прифати“ – изјавила Барби минатата година во интервју за порталот Србија данас.

Тој се повлече од јавноста поради смртта на неговиот брат, а како што рече го одбил договорот за соработка со Гранд бидејќи не му одговарале условите. Настапот таму ми донесе многу. Станав познат и тргнав да ги остварам моите соништа. Што се однесува до коментарите, не ме интересираат. Не ми е гајле што велат соседите и околината, затоа што не живеам од нив. Кога станува збор за грди намери, јас сум стабилна и силна личност и тоа не ме засега“ – истакна Барби за споменатиот медиум.

На крајот проговори и за непристојните понуди што ги добивала. Имав неколку непристојни понуди од познати личности, дури и од влијателни бизнисмени. Ми понудија 5.000 евра за ноќевање со нив, имаше се’ и сешто безобразно во нив. Имам момче кое ми верува и кој добро се справува со сето ова, па затоа сето тоа што ми го нудеа го одбив“ – заклучила Барби.

Останати вести од Радио Милева