Радио Милева стабилна, но...

Ова е моменталната здравствена состојба на Неда Арнериќ

Ова е моменталната здравствена состојба на Неда Арнериќ
Познатата српска актерка Неда Арнериќ, која беше примена минатата ноќ на Воената медицинска академија (ВМА) во Белград и нејзината состојба во моментов е стабилна.

„Добивме пациент сношти, а нејзината состојба е за сега стабилна“ – вели  за српски „Блиц“ медицински извор од оваа институција.

Лекарите не можеле да дадат никакви здравствени резултати за Неда Арнериќ, освен дека пациентката  ја добила сета  потребна грижа и терапија.

Како што е веќе познато, актерката била пренесена во бесознание на ВМА околу 21 часот минатата ноќ.

Дека нешто не е во ред, прв сфатил братот на актерката, кој упорно ја повикувал по телефон, но не можел да ја добие.

Неда ја наше како лежи без свест на подот. Тимот за итна помош дошол веднаш по повикот и Неда била транспортирана во Воената медицинска академија (ВМА).

Засега нема повеќе детали за причините и дали се работи за последици од некаква болест на Неда Арнериќ или обид актерката да си го одземе животот? 

To top