Холандскиот јавен сервис оваа година наместо класична „Евровизија“ ќе организира посебена програма во која ќе може да се претстават 41 држава.
Наместо Евровизијата во Ротердам која е откажана поради коронавирусот, фановите од ова случување ќе можат да гледаат алтернативно шоу.
Европската радиодифузна унија во договор со холандскиот јавен сервис потврди дека подготвува нова програма, која ќе се емитува на 16 мај, наместо финалето кое е откажано поради пандемијата.
https://arhiva.vistina.com.mk/megafon/organizatorite-potvrdija-evrovizija-2020-e-otkazana/
Под името „Eurovision: Europe Shine A Light“ ќе биде организирано шоу каде ќе учестуваат сите учесници – преставници на државите, но и старите изведувачи на Евровизија кои ќе ги изведат своите песни на познати места ширум Европа.
Водители ќе бидат Шантел Јанзен, Едсилија Ромбли и Јан Смит.
„Ќе се обидеме на 16 мај да ја обидиниме Европа преку едноставна телевизиска програма. Ги повикуваме сите членови на ЕБУ да ја емитуваат оваа емисија“ – вели супервизорот на Евровизија, Јон Ола Санд.
За потсетување, Васил Гарванлиев со песната „YOU“ требаше да ја претставува Македонија на „Евровизија 2020“, а како сега ќе изгледа тоа, останува да проследиме на 16 мај.