Кавгите на српската естрада не се реткост, а многу се случија пред очите на јавноста. Така Цеца Ражнатовиќ со години не разговарала со Јелена Карелуша и Драгана Мирковиќ.
Конфликтот меѓу Весна Змијанац и Зорица Брунцлик е веќе легендарен, но Саша Поповиќ успеа да одржи добри односи со сите.
Всушност, речиси со сите. Неодамна призна дека повеќе од две децении не разговарал само со еднен пејач.
– Нема никој. Не сум разговарал со Мирослав Илиќ 23 години. Никогаш не го ни сретнав. Тој едноставно престана да комуницира со мене во 2000 година. Поминаа веќе 23 години, иако ја ценам неговата работа и неговите песни се секогаш добредојдени во „Ѕвезде Гранда“ – изјави неодамна Поповиќ во една емисија.
Инаку, неодамна се пишуваше дека Саша Поповиќ одбил да биде кум на свадбата на Жика Јакшиќ.
– Жика на шега го праша Саша дали ако повторно се ожени, ќе му биде кум, на што Поповиќ му рече дека не му текнало. Жика прво се шокираше, а потоа Сале му објасни. „Ти донесов слика кога се ожени за Дијана, не траеше долго, па нема да ризикувам повторно“, кажал анонимен извор неодамна за „Свет“ .
фото:Инстаграм принтскрин