Се оженил со Цеца и побегнал на пуст остров..!? Тоа би било интересно сценарио…
Сепак, тој ја однесе пред олтар фолк ѕвездата уште пред неколку години, во спотот за дуетот со Саша Матиќ, „Ноторен лажго“. Тогаш ја доби ласкавата титула: Најзгоден професор во Србија.
Стеван Стевановиќ повторно е пред очите на јавноста и во наредните недели припадничките на понежниот пол ќе имаат единствена можност да му се восхитуваат на неговото совршено извајано мускулесто тело. Нема да му треба многу облека под сонцето на Доминиканската Република, а како ќе се носи со предизвиците ќе видиме во карипското издание на реалното шоу „Преживеан“.
Инаку, Стеван има 29 години, дипломирал на Економскиот факултет и работи како професор, а во слободно време е личен тренер и капитен на српската рагби репрезентација. Тој е многу успешен во светот на фитнесот, за што говори податокот дека на Инстаграм го следат повеќе од 136.000 луѓе. Сите кои би сакале да имаат многу мускули како него, со задоволство му се обраќаат за помош, а тие се резултат на секојдневно тренирање во теретана и спортови кои многумина ги сметаат за груби.
Фото и видео: Јутјуб принтскрин/Ceca i Sasa Matic – Lazov notorni