Фолк sвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ ја започна својата кариера уште во 1988 година кога го издаде својот прв албум „Цветак – зановетак“.
„Не ја започнав својата кариера под панаѓурски шатор како многу други, започнав да пеам на 10 години и пеев на свадби, родендени, забави. Бев чудо од дете, па кога отидовме во Сутоморе на одмор, последниот ден со родителите отидовме на вечера во еден ресторан каде што свирше бенд во живо. Тогаш моите прашаа дали едно девојче може да отпее нешто. Музичарите погледнаа да видат која е „колешката“, а јас во тоа време имав 11 години. Шефот на оркестарот праша: „Ова дете? Ме зафркаваш?“
„Веќе беше доцна, гостите почнаа да си одат, а јас излегов и запеав песна од Нада Обриќ. И одеднаш многу луѓе се вратија во летната бавча и почнаа да аплаудираат. Тогаш шефот побара од моите родители да го продолжат престојот, за да ме ангажираат. Плачев да останеме затоа што тоа ми значеше и… останавме. Се надевав дека некои од важните луѓе ќе ме слушнат, некој од уредниците и музичките продуценти, кои во тоа време беа многу ригорозни“, се сеќава Цеца, а потоа раскажа како изгледал клучниот состанок со човекот што ја открил и лансирал меѓу ѕвездите.
„Ме слушна познатиот хармоникаш Мирко Кодиќ, кој имаше викендичка на море. Беше некое попладне, сите бевме на плажа, а свирката започнуваше навечер. Седев со една пријателка, таа држеше трафика, а тој дојде и и’ рече: „Кога ќе дојде таа малечката што почна да пее, сите ми велат дека е огромен талент?“ Јас треперам, вкочанет од страв. Мојата пријателка му вели: „Тоа е оваа малечка“, а тој прашува: „Ова дете?“
Дојде вечерта во ресторанот и кога го пеев првиот блок ги запозна моите родители кои ме следеа насекаде.
Беше крај на 1987 година и се сеќавам дека дома ни заѕвоне телефонот, ја се јавив , а оттаму ми одговори Мирко. Ми запре срцето! Се слушнаа со тато, а тој му вели: „Добро, добро“, и тоа трае како цела вечност.
„Мирко собра тим од музички уредници, тогаш тие одлучуваа дали можам да снимам албум, зашто јас бев малолетна. Во тоа време за сè водеше грижа. Го поминав тој круг, иако не веруваа дека сум толку млада. Секогаш го имав тој трилер, ја имав бојата на мојот глас, немав глас како дете. Пред новогодишната ноќ во 1988 година ме чекаше снимањето на албумот и така настана „Цветак – зановетак“, раскажа Цеца. Останатото е историја!