Радио Милева

Oва досега не и беше познато на јавноста: Еве како Слоба ја запросил Киа Коцкар и колку чинела нејзината венчаница

Oва досега не и беше познато на јавноста: Еве како Слоба ја запросил Киа Коцкар и колку чинела нејзината венчаница

Киа Коцкар и Слоба Радановиќ го привлекоа вниманието на јавноста со нивното учество во „Задруга“.

Победничката на реалното шоу беше гостинка во една емисија посветена на веначници и откри детали што досега и беа непознати на јавноста.

„Сакам романтични нешта, а нашата свршувачка беше романтична. Тоа се случи во Дубаи, на покрив на еден ресторан. Искрено, да знаев дека тоа ќе се случи тогаш, поубаво ќе се облеков. Пријателите кои беа со нас знаеле дека тоа ќе се случи. Потоа, отидовме на караоке шоу и убаво си поминавме“ изјави Киа.

foto: instagram

Потсетувајќи се на фустаните кои ги носела на свадбата, таа изјави.

„Фустанот чинеше околу 50 евра и го купив во еден дуќан.Беше обичен фустан, а изгледаше како венчаница. Сама се шминкав, а другарка ми направи фризура. Цвеќето беше поскапо од венчаницата бидејќи сакам убави цвеќиња. Обувките исто така беа користени.Не ми е важно што носам туку како се чувствувам“ изјави пејачката.

Коцкар ги посоветува оние кои планираат да стапат во брак, да не губат време на фотографирање со гостите туку да уживаат во забавата.

To top