Пејачот Маринко Роквиќ почина изненадно по опасната болест, а сега откриено кои се неговите последни зборови.
Наводно, Маринко имал последна желба односно тој сакал последните два дена да ги помине во семејната куќа на Кошутњак, а тоа му било и исполнето.
Сега е откриено кои се последните зборови на пејачот.
-Не му беше лесно да зборува, но Маринко го најде последниот атом на сила“, вели извор за Скандал и додава:
-Ги замоли двајцата да останат скромни, да се согласуваат и да се подржуваат еден со друг. Посебно ги замоли да се грижат за нивната мајка и на своите деца да им зборуваат колку ги сакал. Тој им нагласи да останат во добри односи со полубратот бидејќи крвта не е вода, а на крајот останува само семејството. На двајцата им се заблагодари што биле прекрасни синови и што не го посрамотиле. Им кажа да ги чуваат сопругите и децата. Ги замоли да му простат ако некогаш ги навредил или ако бил строг велејќи дека тоа го правел со најдобра намера. Никола и Марко едвај издржаа да не заплачат пред него бидејќи и тој бил насмеан додека трпеше ужасни болки, но кога излегоа од собата каде што лежеше Маринко, почнаа да плачат. Многу им е тешко, Маринко замина млад, можеше уште да живее“, вели изворот.
фото: Nikola Anđić, Nemanja Nikolić, Zorana Jevtić, Printscreen/Damir Dervisagic/Ana Paunkovic